Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија – Клековски, Таравари и Стојковски да поднесат оставки

1729964432 Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија.


Наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови власта ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.

За хуманитатната катастрофа на Онкологија и голготата низ која поминуваат пацинетите мора да има одговорност од оние кои не управуваат со Клиниката и со здравството а не презеле мерки да се обезбедат лекови на време.

Бараме директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.

Можете да прочитате

Дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

За една недела, нови 1.878 случаи на грип