Утрински Весник
Економија

Министерот Муртезани на конференција за регионална економска интеграција во Црна Гора

20250128085007 Big 730x400 21.webp.webp

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Kонференција на високо ниво насловена „Зајакнување. Интегрирање. Раст“, посветена на регионалната економска интеграција.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на настанот што се одржува во Бечиќи, учествуваат министри за европски прашања и главни преговарачи со ЕУ од земјите на Западниот Балкан, како и претставници на Европската Унија.


Во рамките на конференцијата, министерот Муртезани ќе се обрати на сесијата  „Придобивки од претпристапниот процес: Од СЕПА до зелени коридори и пошироко“, на која ќе се дискутира за имплементацијата на Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како и за клучните приоритети кои го поттикнуваат регионалното економско поврзување и усогласувањето со стандардите на Европската Унија.

На маргините на конференцијата, предвидена е средба со генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ, на која ќе се разменат мислења за тековните иницијативи за регионална интеграција и улогата на Советот во поддршката на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во Европската Унија, стои во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: 1 Мај – ден на борба, а не на празник, го поддржуваме  протестот на работниците

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност