Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Почитувани припадници на српската заедница,


Упатувајќи ви срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа.

Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави.

Нека е честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава.

Можете да прочитате

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата

ЛДП: Не било од левиот, туку од десниот џеб на народот, го демаскираме признанието за 5,5 милиони евра потрошени народни пари!

СДСМ: Од „нула денари” до „5,5 милиони евра” – Митева го демантираше арамијата Мицкоски