Утрински Весник
Македонија

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ

20250124165540 Big 730x400 48.jpg

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.

Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.


– Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш – 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби, соопштија од МНТ.

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.

Првата реприза е закажана за 30 јануари.

Можете да прочитате

Диплома од Славјанскиот универзитет од 2016 има печат со Република Северна Македонија

Македонскиот возач кој загина во Хрватска бил од Струмица

Седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие