Утрински Весник
Македонија

Промовирани 497 нови полициски службеници

20250125104912 Big 730x400 65.webp.webp

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“.


-Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина, безбедни и сигурни. Почитувани идни колеги, благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на почитување на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно во име на граѓаните, во име на својот народ, порача Тошковски.

Тошковски, исто така, порача дека се градат и ќе се градат нови полициски станици, како и дека се планира обновување на возниот парк на министерството, нови модерни и функционални униформи и материјално и техничко унапредување на сите организациони единици. Во унапредувањето на условите за работа, тој нагласи дека, ќе биде направено и преку редовно зголемување на примањата на сите вработени во МВР.

Помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски во своето обраќање пред 13-те тимови нови полициски службеници, им порача дека промоцијата е награда и показател на нивната работа, труд и вложување.

-Почитувани кандидати, да се биде полицаец не е само работа, тоа е професија која носи голема одговонрост. Нашите сограѓани секогаш ќе гледаат во вас, како за заради зачувување на индивидуалната, така и заради колективната безбедност. Носејќи ја полициската униформа станувате членови на едно големо полициско семејство. Тука сте не само за нашите сограѓани, туку и едни за други, порача Митковски.

На промоцијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите полициски кандидати од генерацијата.

Можете да прочитате

Фуркан Салиу: Џабе ги бојкотирате маркетите бојкотирајте ја вашата влада

И премиерот Мицкоски има разбирање за бојкотот на граѓаните за маркетите

Левица го поддржува бојкотот на маркетите: Власта на Мицкоски е во директна спрега со крупниот капитал