Утрински Весник
Македонија

Магла на неколку патни правци, сообраќајот се одвива во зимски услови

Magla Avtopat.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 80 метри има на патниот правец Штип – Велес и Велес – Неготино, до 100 метри на патниот правец Кочани – Штип и од 100 – 120 метри на патните правци Струмица – г.п. Ново Село и Струмица – Радовиш.


Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Променливо облачно, во среда повремен дожд

Кекеновски: Одговорност за недопирливите, браво за Хајрулахи

Намалена видливост поради магла во Охрид, Демир Капија, Петровец-Велес и Велес-Штип