Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион а за лекови на Онкологија да чека донации

Onkologija.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Владата ќе купува авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално.


Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување.

Овој хаос во здравството е јасен показател за неспособноста на премиерот Мицкоски и министерот Таравари да се справат со потребите на граѓаните и да го подобрат здравствениот систем.

Ветените реформи и подобрувања останаа празни зборови и куп лаги.

Додека парите на граѓаните власта на Мицкоски ги троши на луксуз, мебел, авиони и скапи патувања.

Власта веднаш треба да се откаже од аздисаното трошење на парите за луксузирање на владините функционери и да ги насочи кон реални потреби на луѓето.

Го повикуваме Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти.

Бараме итно зголемување на здравствениот кадар и подобрување на условите на Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Животите на граѓаните не смеат да бидат предмет на неодговорност и игнорантност.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството