Утрински Весник
Македонија

Почетна цена 4.000 евра за концесија на „Македонско село“

Whatsapp Image 2025 01 23 At 09.06.39.jpeg

Makedonsko selo

До крајот на оваа недела ќе биде објавен огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, лоциран на падините на Водно, во близина на селото Нерези. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, изјави дека огласот ќе биде поделен на четири дела, што ќе овозможи различни концесионери да се пријават за различни сегменти од комплексот.

– Првиот, вториот и третиот дел ќе опфаќаат по три куќарки, додека четвртиот дел ќе вклучува три ресторани. Оваа поделба ќе овозможи различни концесионери да конкурираат, што ќе го зголеми интересот и ќе ја зголеми конечната цена – истакна Томовски.


Тој појасни дека доколку еден економски оператор ги закупи сите четири дела, почетната цена на закупот ќе биде 240.000 денари месечно, или околу 4.000 евра. Изборот ќе се врши преку електронско наддавање преку Министерството за финансии, а договорот ќе се склучи на период од 15 години.

Дополнително, ќе биде обезбедена банкарска гаранција како мерка за сигурност дека концесионерот ќе биде сериозен и ќе ги исполни обврските.

Можете да прочитате

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Намалена видливост поради магла во Штип и на патот Велес-Катланово

Ахмети: Ако тие што зборуваат албански треба да одат во Албанија, а другите во Бугарија на кого ќе ја оставиме оваа земја