Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Zemjotres2.jpeg

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините, при што се оштетени згради и пат во близина на епицентарот, соопштија властите.

Првично беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени во морето, бил на длабочина од 14 километри и се случил во близина на градот Сан Франциско во провинцијата Лејте, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија. Регистрирани се најмалку 45 последователни потреси.


Мајор Барни Катиг, началник на полицијата во градот, рече дека земјотресот бил краток, но силен. „Никој не е повреден, но најмалку 18 домови и владини згради претрпеа „мали штети“. Најмалку еден автопат има пукнатини од земјотресот, но и понатаму е прооден, рече Катиг.

Филипините се наоѓаат на огнениот прстен на Пацификот, каде што вулканската активност и земјотресите се вообичаени.

Можете да прочитате

Американски војници убиени во Јордан, Иран до сојузниците: Подгответе се за поширока војна

Шпанија се подготвува за трет топлотен бран со температури и над 45°C

Градоначалникот на Њујорк, разгледува можност за апсење на Нетанјаху