Утрински Весник
Скопје

Општина Центар препорача забрана за користење телефони за време на настава

20230823214931.jpg

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар донела низа препораки кои основните општински училишта имаат прифатено да ги спроведуваат со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес во центарските училишта.

„Сите основни училишта на територија на општината прифатија да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, а носењето на втор мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот. Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици, односно имитирање на апликации како Тик Ток и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво“, вели Герасимовски.


Овие насоки се донесени врз основа на препораките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои во јули 2023 година укажаа на негативните ефекти од употребата на паметни телефони врз процесот на учење.

Препораките за забрана на користење на мобилните телефони, наведува Герасимовски, се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.

„Истражувањата на кои се повикува УНЕСКО покажуваат дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и имаат особено негативно влијание врз децата кои имаат потешкотии во учењето. Дополнително, децата повеќе разговараат меѓусебно и се дружат, што ја поттикнува социјалната интеракција. Општина Центар ќе продолжи да работи на подобрување на условите за едукација и воспитување на младите, обезбедувајќи балансирано и здраво опкружување за нивниот развој“, вели Герасимовски.

Можете да прочитате

Во скопската општина Аеродром истовремено се градат основно училиште и детска градинка

Утрово парно греење во Центар нема – граѓаните се разбудија со ладни радијатори

Поради дефект утре без вода ќе биде дел од строгиот центар во Скопје