Утрински Весник
Македонија

Собранието го донесе Законот за заштита на децата

Sobranie1.webp.webp

Со 65 гласа „за“ и 17 „против“ Собранието попладнев го донесе Законот за заштита на децата, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот. Со Бадинтер гласаа 12 пратеници гласаа „за“ и шест „против“.

За овој Закон беа поднесени вкупно шест амандмани, од кои четири кои беа поднесени од СДСМ и Левица беа отфрлени, додека два поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ беа прифатени.


По донесувањето на Законот за заштита на децата, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде должна да го потпише Указот.

Во образложението на претседателката се наведуваше дека изгласаните измени на Законот содржат повеќе спорни одредби. Во образложението таа наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од Предлог-законот.

Во образложението, претседателката вели дека посочените членови од законот треба да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците.

Претседателката укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна