Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните

Sdsm Web Default 1024x576 1.png
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни.


Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.

Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.

Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.

Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци.  Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.

Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.

Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово