Утрински Весник
Македонија

Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон

Mickoski 2.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, на инаугурацијата ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков. 


Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста „Гласови на слободата“ што ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

– Очекувањата се дека за време на престојот, Мицкоски ќе одржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател. Исто така, Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции, се вели во владиното соопштение.

Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави. На инаугурацијата во Капитол се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Првиот претседателски мандат на Трамп беше од 20 јануари 2017 до 20 јануари 2021 година. 

Мицкоски вчера имаше средба со Крис Павловски, сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД, како дел од новата администрација на претседателот Трамп.

-Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп. Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил. 

Тој додава дека на состанокот се разговарало за инвестиции на Рамбл во делот на дигитализацијата.

– Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината, наведе Мицкоски.

Можете да прочитате

Ќе видат ли бел ден зградите на ФИНКИ и ФФК во кампусот на УКИМ?

Перински во Штип: Во соработка со експертите до поефикасна и отчетна локална самоуправа

Пожар во дом за стари лица во Кавадарци, евакуираани се 30 лица