Утрински Весник
Свет

ТикТок повторно е активен во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата

20250119170850 Big 730x400 67.webp.webp

Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана.

Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth Social, откако милиони корисници на ТикТок денеска се разбудија и открија дека повеќе не можат да пристапат до апликацијата. Google и Apple ја отстранија апликацијата од нивните дигитални продавници за да се усогласат со федералната регулатива која бараше да го сторат тоа.


– Во понеделник ќе издадам извршна наредба за продолжување на временскиот период пред да стапат во сила забраните на законот, за да можеме да направиме договор за заштита на нашата национална безбедност, напиша Трамп.

Законот му дава овластување на претседателот да го одложи спроведувањето на забраната доколку продажбата е во тек.

Иако инвеститорите дадоа неколку понуди, ТикТок соопшти дека нема да ја продаде компанијата.

Популарната апликација денеска го блокираше пристапот за корисниците во САД, бидејќи требаше да стапи во сила новиот американски закон со кој се наложува ТикТок или да биде продадена од неговите сегашни кинески сопственици, Bytedance, или да биде забранета.

Можете да прочитате

„Вашингтон пост“: Русија не е виновна за оштетувањето на подморските кабли во Балтичкото Море

Уште колку заложници останаа во Газа: израелските власти веруваат дека само 60 од нив се уште се живи

Што се знае за инаугурацијата на Трамп