Утрински Весник
Свет

Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа

20250119132216 Big 730x400 93.webp.webp

Израелскиот министер за финансии, ултрадесничарот Безалел Смотрич, денеска го повика Израел да го окупира Појасот Газа и да воспостави воена управа, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја собори владата.

Во изјавата за военото радио, Смотрич, лидер на партијата Религиозен ционизам, изјави дека Израел „мора да ја окупира Газа и да формира привремена воена влада, бидејќи нема друг начин да се победи Хамас“.


-Ќе ја соборам владата ако таа не се врати на борбите на начин што ќе нè наведе да го преземеме целиот Појас Газа и да владееме со него, рече Смотрич, критикувајќи го генерал-полковник Херзи Халеви, началникот на Генералштабот, тврдејќи дека неговата стратегија е слаба.

„Да бев премиер, ќе му кажев на началникот на Генералштабот: „Ова е мојата политика, ако не ја спроведувате, одете дома“, додаде министерот, инсистирајќи Израел да ја преземе безбедноста и контролата на хуманитарната помош за Газа.

Нетанјаху во претходните изјави најави дека Израел нема план да ја освои Газа или трајно да ја окупира.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар денеска, непосредно по почетокот на прекинот на огнот во војната во Газа, предупреди на регионална нестабилност доколку Хамас остане на власт.

-Доколку Хамас остане на власт, регионалната нестабилност што ја предизвикува веројатно ќе продолжи, нема иднина за мир, стабилност и безбедност за двете страни доколку Хамас остане на власт во Појасот Газа, предупреди министерот Саар на прес-конференција во Ерусалим.

Можете да прочитате

Сирски: Украина страда од недостиг на војници

Ова се десетте најпопуларни автомобили во Германија

Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел