Утрински Весник
Македонија

(Видео) ,,Крик за живот”, на Онкологија секој агол, секој ходник, секоја соба мириса на борбата со смртта

Bez Boja.jpg

Екипата на „Претрес”, влезе на Онкологија. Тоа е Клиниката каде на секој чекор, секој агол, секоја соба демне смртта. Но и Клиника во која пациентите заболени од рак ја гледаат последната надеж за спас и преживување. 

Дневно низ ходниците поминуваат и по 200, 300 пациенти кои треба да бидат опслужени од малубројниот персонал. Недостасуваат лекари и медицински персонал, а понекогаш и лекови. Пациентите стравуваат дека веќе утре нема да има терапија. 


Стигматизирани се и пациентите и персоналот. „Претрес” бара од државата да обезбеди бесплатен превоз за болните кои доаѓаат од другите градови да примаат терапија – а од сведочењата ќе дознаете и зошто. Влеговме и на одделот за радио-терапија.

Лекарите и сестрите апелираат – Не се лекувајте со чаеви, одете на лекар. Говорат за многуте профитери кои сакаат да заработат врз болката и немоќта на пациентите.

Наредната среда ќе може да го видите вториот дел од „Крик за живот”. Нашата камера регистрираше гужви и нервози во ходниците каде и луѓе колабираат чекајќи со часови терапија. Го отвораме и прашањето што се случува година и пол по скандалот за Онкологија.

Можете да прочитате

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија

Тошковски за Груби: Од ден на ден се повеќе се гледа дека осомничениот не е чист како солза

Mинималната плата да биде 31.500 денари, бара СКСЗМ