Утрински Весник
Македонија

СДСМ алармира: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

Venkosdsm2.jpeg

Сооопштение на СДСМ:

Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче.


Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини,  повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки.

Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале.

Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.

Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење.

Можете да прочитате

ЈП Македонија пат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

Наставник од Свети Николе влезе во финалето на најдобрите 50 наставници во целиот свет

Внимателно возете, кашест снег на коловозот!