Утрински Весник
Економија

Владата смета дека протестите на УОПЗ се малициозни и политички мотивирани

Vlada.webp.webp

Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но и можностите на буџетот се лимитирани, велат од владината прес служба.

Оттаму, додаваат дека протестите не се најдобриот начин на комуникација и дека Владата била отворена за постигнување на договор со сите синдикални организации преку дијалог.


„Секој предлог или сугестија од синдикатите се дискутира, се со цел да се изнајде решение прифатливо и во интерес на граѓаните.

Изминатата година и покрај катастрофална состојба која ја наследивме од претходната Влада, заедно со синдикатите постигнавме договор за покачување на вработените во здравството и образованието, а ги покачивме и пензиите на над 300.000 пензионери линеарно.

Жалиме што УПОЗ и покрај Економско-социјалниот совет како тело во кое што учествуваат и на кое што секогаш сме дискутирале за сите предизвици, одбраа да протестираат.

Владата докажа и покажа дека е партнер на работниците, затоа потенцираме дека како Влада сме спремни да седнеме на маса и да ги разгледаме сите предлози од страна на синдикатите.

Штрајкот како прво решение не е легитимен чекор и покажува политичка инструираност.

Доколку УПОЗ вистински се грижи за платите на работниците, ги повикуваме на разговор се со цел вистинско изнаоѓање на решенијата. Во спротивно останува сомнежот дека УПОЗ е синдикална организација која обработува за нечии партиски интереси кои не мислат ништо друго освен собирање на ситни политички поени на грбот на граѓаните“ се наведува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Министерство за економија смета дека Новогодишната кошничка била успешна

СДСМ: Политиките со „кошнички” се покажаа како целосно промашени 

ВМРО-ДПМНЕ: Болката на СДС не е грижа за граѓаните, туку грижа што не можат веќе, како до сега, да крадат