Утрински Весник
Свет

Речиси 50 уапсени за време на пожарите во близина на Лос Анџелес

12729893.jpg

Околу 50 лица се уапсени под обвинение за грабежи, попречување на гаснење пожари и вандализам за време на пожарите во предградијата на Лос Анџелес, Итон и Палисадес, а има и апсења поврзани со инцидентот со дронот, соопшти денеска полицијата во Лос Анџелес.

Полициската управа во Лос Анџелес изврши 14 апсења во градот, изјави помошник началникот Доминик Чои, пренесе Си-Ен-Ен.


„Три апсења беа за полициски час, едно за претставување пожарникар, едно за поседување алат за кражба, четири за кражба, едно за возење под дејство на алкохол, едно за вандализам и три за кражба во продавница“, рече тој.

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес изврши 34 апсења, според шерифот Роберт Луна, вклучително и четири во пожарната област Палисадес во текот на ноќта.

Можете да прочитате

Ликот на Трамп ќе се појави на монетата од еден долар

Нов колапс на енергетската мрежа на Куба

Руски напад врз Одеса, тројца загинати