Утрински Весник
Македонија

Денешното утро донесе скоро 70 сантиметри снег на скијачките центри, во Дебар околу 35 сантиметри – Доаѓа нов снежен бран!

Overview 20250113 00 012.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Скоро 70 сантиметри снег ова претпладне имаме на Попова Шапка, околу 60 сантиметри во Маврово, Близу 40 сантиметри во Крушево,  во Дебар пак имаме околу 35 сантиметри снежна покривка. Најниска температура ова утро е измерена на Попова Шапка, и тоа -10 степени, додека од градовите најниска температура е измерена во Крушево, и тоа -8 степени и во Берово -5 степени.


На табелата можете да ги погледнете и останатите температури, но и измерената снежна покривка по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, во текот на денов од југ ќе навлезе нов влажен бран, кој ќе се помеша со многу ладниот воздух кој владее во Македонија, со ова ќе имаме нови врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, пообилни во јужните  и во југозападните предели, со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, па така ќе има појава на снежни наноси.

Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот само од -5 до 3 степени, во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 0 степени, а ќе има  и послаби врнежи од снег, проследени со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Отворени се броеви за донации на 16-годишната Ана која мора итно на операција на мозокот во Германија

Забрани за тешки моторни возила на неколку патни правци, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава

Кавадарци бара волонтери за вршење активности за почист и позелен град