Утрински Весник
Македонија

Поради снегот, излизгани камиони на автопатот кај Смоквица – сообраќајот во прекин

Img 1314.jpeg

15:50 часот патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информира АМСМ.

Активни забрани за тешки товарни возила има на:
– Гостивар – Маврово-Дебар
– Гостивар – Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
– Ѓавато
– Струга – г.п. Ќафасан
– М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
– Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.

„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.

Можете да прочитате

Историски најдобар оперативен план – Практикантство за 1.352 млади лица до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“