Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните

Sdsm.png

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ во соопштение.

„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите.


Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен.

Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла.

Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла.

Но, поради неспособноста на надлежните сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди.

Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација.

Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Лазовски за „црните листи“ на УЈП: Тоа е популистичка мерка која не врши никаква функција

Лазовски: Пензискиот систем е неправеден, граѓаните треба однапред да знаат колкава пензија ги очекува

Лазовски до Славески: Како може гувернерот да не го интересира кој стои зад „Алта банка“?