Утрински Весник
Македонија

Воведена забрана за камиони на уште еден патен правец во Скопје

Sneg 5 1024x768 1.jpg

Од 10.40 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат.

Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци – од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.


Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.

Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Можете да прочитате

Начева Богоевска на поткаст ЗРАК: Ништо во здравството не е на поединец, туку мора да се работи тимски

Хирург Арсенков: 3Д технологијата многу помага и драстично ја олеснува работата при операции

Д-р Јовановска: Интервентната радиологија е ралтивно млада гранка во Македонија