Утрински Весник
Македонија

Портокалов аларм во Македонија: Од ноќеска обилни врнежи од снег

Portokalov Alarm.png

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во ноќните часови после полноќ ќе има врнежи кои почнувајќи од север ке преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м²).


Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см).

Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег

Во Скопје почнувајќи од денеска во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Поради ваквите временски услови УХМР издаде портокалов аларм за најголем дел од територијата на земјава.

Можете да прочитате

Долго очекуваниот снег пристигна во Скопје

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума

Обвинителство никогаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков