Утрински Весник
Свет

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа

20250102181722 Big 730x400 43 1.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор до нацијата од Овалната соба во Белата куќа, на пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Осумдесет и двегодишниот демократ го завршува својот четиригодишен претседателски мандат, одбележувајќи повеќе од половина век од неговиот политички живот.


Говорот на Бајден, во 20 часот по локално време во среда, ќе биде неговата последна значајна можност да му се обрати на американскиот народ и на светот пред да ја напушти функцијата на 20 јануари, точно на пладне.

Неговата изјава во среда ќе следи по најавениот говор в понеделник во Стејт департментот, во кој тој ќе разговара за ефектите од неговата надворешна политика.

Прес-секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, соопшти дека Бајден ќе се осврне и на своите над 50 години минати како државен функционер.

-Тој има некои размислувања за иднината, не само за земјата, туку и за тоа како оваа земја напредува како лидер, кога станува збор за глобални настани, важни глобални прашања, тој секако ќе зборува за тоа, рече таа.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“