Утрински Весник
Македонија

,,МЕТЕОАЛАРМ” ВОНРЕДНО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Од следните часови ни започнува силното снежно невреме!

Xx Model En 355 0 Modez 2025011100 54 954 108 Crop 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег.


Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава  и на снежни наноси.

До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.

Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.

Можете да прочитате

Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

СДСМ: Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ

Провејува снег на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин, магла во Крушево, на Стража и на Плетвар