Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика.

Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година.


Оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.

Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам.

Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото.

ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права.

Ги повикуваме сите Албанци да останат смирени, но да не ја прифатат оваа неправда со молк. Охридскиот договор е темелот врз кој е изградена мирот и стабилноста во оваа земја, и секој обид за негово рушење претставува закана за нашата заедничка иднина. Секој што денес мисли дека може да ја избрише историската вистина и да ја врати логиката на етничка доминација, треба да знае дека ќе се соочи со силна реакција од Албанците, се наведува во партиската реакција.

Можете да прочитате

Меѓународен ден на архивите – 9 јуни

Тактичко-технички активности на АРМ во близина на Езерската полиција во Охрид

ИНРМ: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“