Во главниот град на Австрија, Виена синоќа (9 октомври, 2025) десетици илјади се собраа на протест против екстремната десница, во време кога лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл, преговара со конзервативците за формирање влада.
На протестот беше поставен транспарент на кој пишуваше „Против фашизмот“, додека демонстрантите рекоа дека се плашат за својата земја и за Европа доколку „автократите“ дојдат на власт.
Патот ненадејно се отвори на почетокот на неделата за ФПО, која извојува победа на парламентарните избори кон крајот на септември, по неуспешните разговори на другите политички партии за формирање на владина коалиција.
Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен му даде мандат на Кикл да формира влада со конзервативците.
„Ние не сакаме екстремно десничарски канцелар и затоа сме денес овде“, изјави за агеницијата АФП неименуван портпарол на антирасистичката невладина организација СОС, наведувајќи ја „заканата за човековите права и за демократијата“.