Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата

Petrushevski 10.01.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата.

СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми.

Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.

СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.

СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.

Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев.

Можете да прочитате

ДУИ: Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт

Старите лични карти без „Северна“ ќе важат и за патување во земјите со кои Македонија има билатерални договори

Помина интерпелацијата за Даути во Собранието