Утрински Весник
Свет

Косовската полиција затвори уште две институции на Србија на Косово

34183fd0 25d2 4cfc 97a3 B0c79874e2d4 Cx0 Cy15 Cw0 W408 R1 S.jpg

Косовската полиција денеска ја затвори Даночната управа во Северна Митровица, која функционираше во српскиот систем, поради наводни „незаконски активности“, и компанијата за осигурување и реосигурување „Дунав“ поради, како што е соопштено, немала лиценца за работа издадена од институциите на Косово.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани изјави дека за случајот бил информиран надлежниот обвинител, а на вработените во Даночната управа им е дозволено да ги изнесат само своите лични работи, јави Бета.


Во меѓувреме, во Северна Митровица е затворена и филијалата на Дунав осигурување поради сомневање дека наводно работи без лиценца.

Како што рече Елшани, полицијата во таа акција им помогнала на службениците на Централната банка на Косово, а информиран е и обвинителот кој случајот го окарактеризира како „злоупотреба на стопанска дејност“.

Можете да прочитате

Штрајкови низ Италија во петок

Се уште не е јасно колку точно луѓе загинаа во пожарите во ЛА

Речиси 180.000 жители во областа на Лос Анџелес се под наредба за евакуација