Вкупно 1,359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места.
Не се регистрирани пожари на отворен простор.
Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од повиците на 112 изминатите 24 часа, како „реални“ биле категоризирани 54,38 отсто. Останатите 45,62 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не се сметале за итни.
– Кон полиција биле упатени 69,64 отсто, кон Итната медицинска помош – 27,53 проценти, а кон пожарникарите – 1,62 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.