Утрински Весник
Свет

Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана

Tramp 3.webp.webp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.

-Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. „Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, продолжи тој.


Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.

На минатогодишниот предизборен митинг тој рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана.

Можете да прочитате

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони