Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: За да се реши загадувањето потребна ни е изградба на гасни централи што би траело и до 3 години

01012025 Mickoski Mihajlovo 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за загадувањето рече дека единствениот начин за намалување на загаденоста е во периодот од ноември до март да се смени системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затолување.

„За да се случи тоа потребно е да се изградат гасни централи, а ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од инвеститорите е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време најмалку 2 до 3 години додека профункционира, а за да се изградат топловоди можеби и 5 до 6 години“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека одговорот го дава како инжинер.


Премиерот изрази жалење што досега ништо во таа насока не било направено, додавајќи дека сега политички глодари се обидуваат на нивен глодарски начин да собираат поени, но нема да успеат.

Мицкоски одговараше на новинарски прашања по завршувањето на централната литургија по повод Божик.

Можете да прочитате

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции