Утрински Весник
Скопје

(Фото) Пак се расипа автобус на ЈСП, патниците мрзнат надвор повеќе од половина час

Whatsapp Image 2025 01 05 At 20.19.27 A34a961f.jpg

Дефектите на автобусите на ЈСП од месец на месец стануваат се почести па шансите безбедно и на време да стигнете ако се возите со градски автобус станаа еднакви на лотарија.

Вечерва повторно се расипа автобус на ЈСП.


Станува збор за еден од двокатните автобуси од кинеската „Јутонг“ од линијата 22 кој застанал непосредно пред надвозникот кон населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров.

Според сведоштва од граѓани, автобусот стои неподвижен повеќе од половина час додека се чека негова замена, иако автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров се наоѓа само на 500тини метри од локацијата каде автобусот застанал.

Можете да прочитате

СДСМ: Извинување до Орце Ѓорѓиевски 

Сопругата на Ѓорѓиевски ги демантира тврдењата на СДСМ за луксузна чанта

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан