Утрински Весник
Скопје

Отстранети 50 кубни метри отпад во Скопје за време на новогодишната ноќ

Gubre.jpg

Комунална хигиена-Скопје и во текот на новогодишната ноќ реализираше активности за одржување на хигиената и чистотата на јавните површини во градот Скопје, како и празнење на поставените садови за одлагање комунален отпад.

Веднаш по завршувањето на новогодишната прослава на плоштадот Македонија, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на просторот на плоштадот, улицата Македонија и пешачките мостови во централното градско подрачје, во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани 20 кубни метри ситни отпадоци одложени на јавни површини.


Во текот на новодишната ноќ беа отстранети и приближно 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Гази Баба и Карпош. Интервенирано е на улицата Душан Тасковиќ во населбата Железара, како и на булеварот Илинден, во непосредна близина на комплексот МИДА.

Можете да прочитате

Општина Илинден започна со реконструкција на Домот на култура во Мралино

Општина Гази Баба го објави повикот за субвенции за печки на пелети

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица”