Утрински Весник
Македонија

Притвор за Кумановецот фатен со арсенал оружје во Арачиново

Img 0188.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција.

Полицијата, на 18 декември, покрај коловозната лента до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, рамки и поголем број куршуми кои на граѓаните им се забранети и за чие поседување цивилните лица не можат да добијат дозвола.


Со дополнителни истражни дејствија по наредба на јавен обвинител откриени се материјални траги кои даваат основано сомнение дека токму овој осомничен и уште неколку други лица на чија прецизна идентификација се работи, недозволено го држеле оружјето на наведената локација.

Со ова осомничениот сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото. Потврда дека постои опасност осомничениот да се обиде да го избегнува кривичниот прогон е фактот што тој бил лишен од слобода на 29 декември на граничниот премин Долно Блаце при обид да излезе од државата.

Исто така, обезбедените материјални траги упатуваат дека тој имал соучесници, па осомничениот би можел да влијае врз нив доколку се брани од слобода.

Судот го прифати ваквото образложение на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор