Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тошковски треба да поднесе оставка по бројните скандали во изминатите месеци

1729964432 Sdsm.jpeg

Соопптение за јавност на СДСМ:

По бројните скандали коишто се случија во изминатите шест месеци Тошковски требаше да поднесе оставка.

Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ја потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па се до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби се јасен доказ.

Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…. Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други.

Поголемиот дел од овие случаи се уште не се расчитени. Сетоа ова за само шест месеци.

Наместо ред и поредок, граѓаните добија хаос и несигурност.

Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, и за двете Тошковски се се обидува да се амнестира.

Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите можат да го минуваат граничниот премин без проблеми.

Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се „вознемирил” од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото.

Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени.  

Нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, Тошковски треба да понесе одговорност.


Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна