Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Најголем дел од трговците ги враќаат цените на производите

24122024 Mickoski Opstina Gazi Baba 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.

„Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добијам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето и замолницата којашто јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Инаку последната мерка којашто ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување ќе повторам и замолница ја почитуваат”, изјави премиерот.


Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра