Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Граѓаните се ограбени од големите трговци со амин на Мицкоски

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Наместо намалување на цените и поефтини производи граѓаните се буквално ограбени од големите трговци и тоа со амин на Мицкоски, кој им дозволи дебело да профитираат врз грбот на народот.


Според проценките на СДСМ неколку милиони евра вреди грабежот врз граѓаните од страна на големите трговци преку т.н. „кошнички”. 

Неколку милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните во изминатиот период, како резултат на оваа лоша политика на Мицкоски.

Штета не може да се надомести, а многу семејства ќе се соочат со економски потешкотии токму во пресрет на новогодишните празници.

Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците, за да им дозволи вака безобѕирно да ги пљачкаат граѓаните?

За само шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши повеќе отколку за време на најголемите економски кризи. Мицкоски се грижи за елитата и неговите бизнис партнери наместо за граѓаните.

Можете да прочитате

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза