Утрински Весник
Македонија

Одбележување 100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски

Plakat 2 E1735196615186.jpg

„100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски“ е насловот на ретроспективната изложба на еден од доајените на македонската современа уметност што ќе биде отворена вечер во 19:00 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Ристо Лозаноски (1923 – 1965) е еден од големите уметници што кратко живееле, а зад себе оставиле огромно дело. Куратори на изложбата се Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос и Маја Неделкоска-Брзанова, кустос-советник во Националната галерија.

Изложбата „100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски“ во Даут-пашиниот амам ќе биде поставена до 27 февруари 2025 година.


Можете да прочитате

Конкурсите за вработувања во здравството ќе се распишуваат во јануари

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска