Утрински Весник
Македонија

Снежна покривка има на повеќе места и градови во Македонија – И понатаму ќе има нов снег!

Screenshot 20241225 153037 Gallery.jpg

Денешниот ден (среда) донесе снег во повеќето градови низ Македонија, а на Скијачките центри снежната покривка е до околу, па и над половина метар. Во Маврово имаме највисока снежна покривка од речиси 60 сантиметри, околу 50 сантиметри снежна покривка имаме на Попова Шапка, од градовите највисока снежна покривка денес беше измерена во Крушево 22 сантиметри, во Тетово 10 сантиметри, 4 сантиметри во Прилеп, 3 сантиметри во Битола, и 2 сантиметри во Претор и во Крива Паланка.

Понатаму, односно во следните часови, и секако како што претходно најавив, до петок во Македонија ќе имаме поовремени локални врнежи од снег, додека во југоисточните предели и во Повардарието врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).


Во Скопје и околината исто така ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а снег особено се очекува во повисоките предели од котлината, како и на околните планини. И во Скопскиот региот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури на многу места ќе бидат за неколку степени над нулата, а во некои градови, особено оние повисоките тие ќе се движат околу нулата, а на планинските места и на Скијачките центри тие постојано ќе бидат под нулата.

Можете да прочитате

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Кривична пријава за поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада – еве за што се терети