Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, доколку трговците продолжат со неетичко и нечовечно однесување за зголемување на цените на одредени продукти

Mickoski Pres 8 12 2024.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има контроли за покачените цени на производите од страна на трговците, изјави:

„Ние разговаравме со сите големи супермаркети и со сите сопственици. Беа на настан во Владата, разговаравме, оставивме добра волја, еве да не биде со, би рекол, пристап којшто ќе значи ограничување на цени и така натаму. Којшто тие велеа дека е непопуларна мерка, еве сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе решение заедничко, коишто ќе биде прифатено и тоа се случи. 


Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. И за тоа ќе има соодветни процедури. И тие процедури, трае анализата, и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани. Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, мислам дека не е добро. И мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето. 

Затоа што ова не е коректно однесување, посебно пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити, затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било. А не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти до 20 и 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа е неетичко однесување и би рекол нечовечно однесување. 

И уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а доколку вака продолжат, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следи. И да знаат дека нема вакви трикови никогаш да поминат повеќе.”

Можете да прочитате

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Кривична пријава за поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада – еве за што се терети