Утрински Весник
Македонија

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените на основните производи, ќе ги ограничиме профитните маржи и цени

Market 2.webp.webp

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница, ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што истакна на денешната прес – конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. За два до три дена ќе завршат анализите по што ќе де донесе одлука дали ќе се донесат поригорозни мерки.


Дурмиши ги повика трговците да ги коригираат цените на најпотребните производи во овој период на празници.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење