Утрински Весник
Свет

Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков

Screenshot 2024 12 25 111227.jpg

Министерот за енергетика на Украина Герман Галушченко денеска преку Фејсбук објава информираше дека Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата.

Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите.


Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на речиси половина од инфраструктурата и оставајќи ја земјата без електрична енергија за долг период.

Во утринскиот напад во Харков, три лица се ранети од руски ракети, соопшти градоначалникот на вториот по големина украински град, Игор Терехов.

Украинските сили соопштија дека Харков бил цел на балистички ракети. Началникот на Обласната воена администрација, Олег Синегубов, прецизираше дека нападот предизвикал штети на цивилна инфраструктура, која не е од станбен карактер.

Можете да прочитате

Aвтомобилите-бомби веќе не се во мода: Maфијата сега убива со експлозив закачен на ограда

Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност