Утрински Весник
Свет

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

20241225093932 Big 730x400 72.webp.webp

Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален имигрант од Гватемала.

Тој во полиција изјавил дека не знае што се случило во метрото.


Починатата жена, која најверојатно спиела за време на нападот, сè уште не е идентификувана.

Сапета на 27 декември ќе се појави пред суд и може да биде осуден на доживотен затвор без право на помилување.

Федералната имиграциска служба на соопшти дека Сапета бил депортиран од САД во 2018 година, но тој повторно илегално влегол во земјата.

Можете да прочитате

Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа

Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност

Дел од настаните што ја одбележаа 2024-та