Утрински Весник
Свет

Новиот шеф на сириската дипломатија го предупреди Иран да не сее хаос во Сирија

20241225084645 Big 730x400 27 1.webp.webp

Новоименуваниот министер за надворешни работи на Сирија, Асад Хасан Ал Шибани, го предупреди Иран да не сее хаос во земјата.

„Иран треба да ја почитува волјата на сирискиот народ, како и суверенитетот и безбедноста на државата. Ги предупредуваме да не внесуваат хаос во Сирија и ги сметаме одговорни за последиците од нивните последни изјави“, напиша Шибани на платформата Икс.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, во неделата изрази увереност дека младите Сиријци ќе им се спротивстават на новите власти, кои произлегоа од сунитските бунтовнички и исламистички групи што го соборија претседателот Башар ал Асад претходно овој месец.


Иран потроши милијарди долари и распореди свои елитни воени единици за да го поддржи режимот на Асад за време на 13-годишната граѓанска војна. Падот на Асад се смета за тежок удар за предводената од Иран „Оска на отпорот“ против Израел и САД. 

Можете да прочитате

Драма во Њујорк: Автомобил удри во пешаци на тротоар, има и повредени

Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан

Полициски час во Хомс, 14 сириски полицајци убиени во Тартус