Утрински Весник
Свет

Дваесет и пет лица ја преживеале авионската несреќа

20241225092540 Big 730x400 66.webp.webp

Според последните официјални информации 25 лица ја преживеале авионската несреќа во Казахтсан.

Од нив 22 се префрлени во болница, објави Казахстанското министерство за итни случаи.


Во леталото имало 72 лица, од кои 67 патници и 5 членови на екипажот.

Авионот кој летал од Баку за Грозни се урна утрово. Пред падот, испратил „СОС“ сигнал над Каспиското Море.

Причината за авионската несреќа сè уште не е позната, но на објавената снима од моментот на падот на леталото се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродромот во западниот дел на земјата пред да се урне.

Можете да прочитате

Сè уште се трага по вториот американски пилот

Шефот на германската дипломатија бара укинување на ветото во ЕУ

Секој шести Германец откажува или одложува патување поради војната и кризата во светот