Утрински Весник
Економија

Панел дискусија „Предизвиците на пазарот на трудот и поддршката на малите бизниси“

Job 1.webp.webp

Во рамки на Проектот „Зајакнување на националните и локални капацитети за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан“ денеска во Скопје ќе се одржи настан за промоција, соработка и поддршка на мали компании создадени од страна на повратници Роми во општина Шуто Оризари со постојните компании.

Организаторите најавуваат и панел дисукусија насловена „Предизвиците на пазарот на трудот и поддршката на малите бизниси“ со почеток од 11:00 часот на која ќе бидат презентирани бизниси отворени од Роми повратници.


Панелисти, според најавата се: Урим Касапи – програмски координатор во УНДП, Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, Роман Пападимитров, бизнис консултант, Мабера Камбери, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Изет Бајрам, сопственик на бизнис.

Проектот е финансиран од Програмата за развој на ОН- УНДП и од ЕУ.

Можете да прочитате

Левица: Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони!

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари

МЕМО стана полноправна членка на AIB