Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот 

24122024 Mickoski Opstina Gazi Baba 1.jpg

„Владата има легитимитет од повеќе од 600 илјади граѓани коишто на 8 мај го дадоа својот глас. Ова е можеби една од ретките влади, која што има близу 80, а можеби и повеќе од 80 пратеника, поддршка во рамките на Парламентот.  Да точно, оваа Влада е без Демократската унија за интеграција и тоа ние го кажавме и тоа кога го зборувавме кажавме и причини зошто е тоа така”, нагласи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање, за констатацијата на опозициската партија ДУИ, од каде посочија дека Владата нема етнички легитимитет.

Меѓу другото премиерот изјави и дека ваквите политички пораки, без разлика на етничката припадност, мудриот народ ги одбива. Иако од опозициската ДУИ и понатаму продолжуваат да го делат народот, наместо да се извинат и да ги побараат бегалците од правда да се вратат.


„Гледам дека од таму сѐ уште како да не ја научиле лекцијата. Во отсуство на  било какви други идеи коишто ќе значат подобар живот за граѓаните тие се обидуваат да ги поларизираат граѓаните и мислат дека таквата политика им носи резултати. Јас мислам дека е погрешно сето тоа и тоа го гледаат впрочем на мерењата на јавното мислење. Но добро, оние ако мислат дека така треба да продолжат да работат, нека си  работат, тоа е нивна работа. Наместо да се извинат и да побараат бегалецот од правда, односно бегалците од правда да се вратат, тие продолжуваат и понатаму да го делат народот. Но, народот е мудар без разлика на етничката припадност, народот е мудар и овие политички пораки од опозицијата ги одбива и тоа е добро и така ќе продолжи во иднина”, објасни премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Ристески: Законот за нефер трговски практики стартува по Нова година, казните се околу 20.000 евра

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

АВМУ ја одзеде дозволата за телевизиско емитување на ТВ Канал ВИС од Струмица