Утрински Весник
Спорт

Манчестер Сити подготвен да продаде половина од првиот тим

20241224084007 Big 730x400 64.webp.webp

Манчестер Сити ќе изврши голема ротација, пишува „Дејли рекорд“. Работата за освежување на тимот ќе започне во зимскиот преоден рок и ќе продолжи по завршување на сезоната.

Според британскиот медиум „Граѓаните“ веруваат дека „суштината“ на тимот е изгубена. Раководството на клубот планираат да се разделат со најмалку пет-шест играчи од стартната постава за да ги обноват своите редови и да продолжат да работат во нов правец.


Како што пренесоа странските медиуми, приоритет на Манчестер Сити оваа зима ќе биде да најде играч од средниот ред. Главни кандидати за оваа позиција се Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл). Клубот се насочи и кон голманот на Јувентус, Микеле ди Грегорио.

По 17 кола во Премиер лигата, Манчестер Сити е седми во поредокот со 27 бодови. 

Можете да прочитате

Бобан Илиоски и Милијана Рељиќ се најдобрите спортисти на Македонија за 2024 година

Почна реконструкцијата на салата „Работнички“

Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година